Сега веќе е официјално. Ентони Гордон (25) е нов офанзивец на Барселона, откако ги мина лекарските прегледи и потпиша договор со еден од најголемите клубови во светот и тоа до 2031.
Барселона го сакаше досегашниот член на Њукасл, и го доби, без разлика што за него силно беше заинтересиран и Баерн Минхен.
Секако дека англискиот репрезентативец, составот на Ханси Флик ќе биде уште посилен.
Сега останува да се реши што со Хулијан Алварез, а следува промоцијата и на Бернардо Силва.
Нема дилеми, каталонската гордост и тоа како ќе има мега – тим, способен конечно да тргне по трофејот во Лигата на Шампионите.










