Синер објасни што се случи на Ролан Гарос

169
Фото:https://x.com/Wimbledon

Светскиот број еден Јаник Синер во среда претрпе еден од најшокантните порази во историјата на Ролан Гарос. Во второто коло тој загуби од Аргентинецот Хуан Мануел Серундоло со 3:6, 2:6, 7:5, 6:1, 6:1.

Колку е голема сензација ова, покажува фактот дека Синер е првиот водечки тенисер во светот кој е елиминиран во едно од првите две кола на Ролан Гарос од 2000 година. По поразот, потресениот Синер им објасни на новинарите со какви тешкотии се соочил на теренот и какви се неговите планови по тешкиот пораз.

„Не се чувствував најдобро на теренот, но се случува“, рече четирикратниот освојувач на Гренд Слем. „Бев во добра позиција во третиот сет, но не можев да му го вратам сервисот. После тоа почнав многу да се мачам.“

Синнер го пофали својот противник, 56-тиот играч во светот, кој не се откажа додека Италијанецот се мачеше физички во натпреварот што траеше три часа и 36 минути. „Му честитам. Не сакам ништо да му одземам. Одигра многу тежок натпревар, особено на крајот. Тоа е спорт“, рече Синнер.

Италијанецот, кој влезе во натпреварот со серија од 30 победи, рече дека неколку фактори придонеле за неговиот пад на енергијата.

„Многу работи се совпаднаа, не беше само едно нешто. Играв многу во последните месеци и немав многу време да се опоравам“, рече Синнер, кој ја заврши сезоната на земјена подлога со резултат од 18-1.

„Наутро почувствував дека не сум спиел добро. Кога се разбудив, се чувствував лошо, но тоа може да се случи. На Гренд слем турнирите, обично имате еден или два дена кога не се чувствувате совршено. Тоа беше денот за мене“, додаде тој.

Синнер објави дека ќе направи пауза за да се опорави, и ментално и физички, пред да се врати на теренот. Тој рече дека веројатно нема да игра на загревачките турнири на трева пред Вимблдон.

„Тешко е да се прифати ова со оглед на позицијата во која бев, но сега имам многу време да се опоравам. Веројатно нема да играм никакви турнири на трева пред тоа“, рече тој. „Ми треба пауза сега, за целосно да се опоравам ментално и физички, а потоа ќе бидам подготвен за Вимблдон.“

ПретходноКаде „пукна“ меѓу Ливерпул и Конате?
СледноЈелена Антиќ останува уште една година во Бундес-лига!