УЕФА и официјално го назначи судијата за пријателскиот натпревар меѓу Босна и Херцеговина и Македонија, вечерва 20:30 часот на Кошево.
На центарот ќе биде Раде Обреновиќ од Словенија.
Словенецот е судија на ФИФА од 2017 година, а од јануари оваа година е во елитната категорија на судии на УЕФА.
Во неодамна завршената сезона, тој судеше 28 натпревари во сите натпреварувања, со просек од 4,2 жолти картони.
На Обреновиќ ќе му помагаат сонародниците Јура Прапротник и Грега Кордеж.
Четврти судија е Лука Билбија од Босна и Херцеговина.










