Војна во Ла Лига: Атлетико Мадрид ги “промовираше“ Јамал, Педри и Рафиња!(ФОТО)

221
ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/

Во Атлетико Мадрид се гневни поради гласините што го поврзуваат ѕвездениот играч на тимот, Хулијан Алварез, со трансфер во Барселона.
„Јорганџиите“ веќе уверија дека шпекулациите не се точни, а сега отидоа уште подалеку со одмазднички удар. На својата страница на Инстаграм, Атлетико Мадрид објави колажи на кои се прикажани три од ѕвездите на Барселона – Ламине Јамал, Рафиња и Педри, облечени во дресови на Атлетико.

На објавата „los colchoneros“ напиша:
„И не заборавајте дека ни требаа само пет минути за да ја создадеме оваа измама. Живееме во време кога реалноста може да биде искривена. Не верувајте во сè што гледате, особено ако има врска со Барса“.

Креативноста на Атлетико не заврши тука и во X од мадридскиот клуб го објавија колажот со Ламине Јамал, на што се пошегуваа со Барселона, пишувајќи го следново:
„Испративме факс до Барселона со нашата понуда за трансфер: 4 билети за утрешниот концерт на Бед Бани, годишна претплата за ABC и кеса семки од сончоглед. Со нетрпение го очекуваме одговорот за да ја подготвиме „презентацијата“.

ПретходноЈа испративме Босна на Мундијал со „нула“ во Сараево
СледноМиовски: Се воигруваме, и ваквите мечеви се одлични за да се подготвиме за она што следува