Охриѓани подготвени за Татабања: Да испишеме историја за клубот

285
фото: ГРК Охрид - GRK Ohrid (FB)

Ракометарите на Охрид засилено се подготвуваат за историскиот реванш од финалето на ЕХФ Европската лига. В недела во салата „Билјанини Извори“, македонскиот клуб ќе се обиде да ја потврди формата од првото финале во Унгарија и да ја одбрани предноста од еден гол која ја донесе од мечот со Татабања пред седумдена. Оптимизам владее во редовите на охридските „бело-сини“.

„Ни следува финалето на ЕХФ Европскиот куп. Подгототвени сме максимално, ќе се бориме за Охрид, заедно да испишеме историја за клубот“, изјави јапонскиот организатор на играта, Косуке Јасухира.

Реванш натпреварот во Охрид е на програмата в недела од 20 часот. Охрид на првиот меч во Унгарија ја совлада Татабања со 29:28.

ПретходноГолем пех за Македонија: Се повреди Љафтов, ја пропушта Европската лига?
СледноНема договор: Конате си оди ова лето како слободен фудбалер