Познат е комплетниот стручен штаб на Фабиани во Вардар!

680
ФОТО.facebook.com/fcvardarad/

Веќе неколку дена новиот шампион на Македонија и официјално има нов тренер или шеф на струката. Тоа е Аргентинецот Кристијан Фабиани кој дојде на местото на Гоце Седлоски кој и дефинитивно сега ќе води сметка само за А-репрезентацијата.

Фабиани веќе неколку месеци престојува во Скопјем, во Вардар, се со цел да се запознае со приликите и условите каде што ќе работи.

Амбициозниот Аргентинец веќе го комплетираше и го објави својот стручен штаб или сите негови помошници.

Иако се најавуваше дека можно е да дојде и некој негов сонародник, барем засега одлуката е сите негови помошници да бидат македонски стручњаци, а дел од нив беа и со Гоце Седлоски.

Прв асистент на Фабиани ќе му биде Матеја Мирков, кој долги години беше со Седлоски како тренер на голмани, беше и во Шкупи.

Втор асистент ќе биде Марјан Герасимовски, кој веќе извесно време е во ФК Вардар.

Интересно, тренер на голмани ќе биде Методија Велковски, кој има само 26 години и досега беше трет голман на шампионот, по Давор Талески и Ведран Ќосевски.

Додека за физичката подготвеност ќе биде задолжен познатиот наш стручњак Метин Далип.

ПретходноИмаме победници: Фер-плеј игра и многу возбуда во Кочани
СледноВечерва официјален натпревар: Одбојкарите на финална „контрола“ против Црна Гора