Спектакл на „Кошево“: Македонија се “загрева“ за Лига Нации, а БиХ за претстојниот Мундијал!

276
ФОТО: FFM.MK

Вечерва од 20:30 часот на “Кошево“ во Сараево, нашата најдобра репрезентација во пријателски меч ќе биде дел од спектаклот кој го приредуваат Босанците во пресрет на СП 2026, на кое и тие ќе бидат дел. Билети веќе одамна нема, “пламнаа“ сите 30.000 и избраниците на селекторот Гоце Седлоски ќе ја имаат таа чест да ја “испратат“ селекцијата на БиХ на Мундијалот.

И ние имавме шанса да се најдеме таму, ама за нас Данска беше пресилен противник, па така сега ќе се “загреваме“ за она што доаѓа во септември, а тоа е настапот во Лигата на Нации.

По поразот во Копенхаген и ремито во Даблин кај С.Ирска, еве шанса четата на Седлоски покаже и докаже со исклучително квалитетен противни, а потоа и во понеделник со Турција во Истанбул, има свој квалитет и дека можеме да очекуваме успешни настапи во следниот период.

Ова е шанса и за неколку дебитанти кои треба да ја оправдаат довербата на Седлоски, да покажат дека го заслужуваат повикот. Секако дека ќе добијат адекватна шанса на овие два меча.

Македонија од вечерва тргнува по некои нови патишта, некои нови амбиции, и ќе видиме до каде ќе стаса. Желбите се едно, а можностите сосема нешто друго. Сепак, кога се игра за Македонија нема “пријателски“, нема неважни средби. Кога ќе го облечеш дресот на репрезентацијата на Македонија треба да те води чувството дека треба да го дадеш и повеќе од максимумот од себе, од твојот потенцијал.

Македонија на оваа, но и на таа пријателска во Истанбул мора да го даде максимумот. Ова се натпревари по кои ќе видиме каде сме, секако со новиот селектор кој по завршувањето на сезоната во ПМФЛ, која ја заврши како шампион со Вардар, сега работата во А-репрезентацијата ќе му биде приоритет.

ПретходноВечерва официјален натпревар: Одбојкарите на финална „контрола“ против Црна Гора
СледноСтрашна вест ја потресе Македонија: На 13 години загина фудбалер во трагична несреќа!