Официјално: Герсон Родригез до јуни 2027 во Вардар! (ФОТО)

109
ФОТО:.facebook.com/fcvardarad/

Како што и се најавуваше во текот на изминатите денови, а од попладнево е и официјално. Герсон Родригез Кореа Леал, интернационалец од Луксембург и официјално е нов член на шампонот.

Ова предмалку го потврди и тоа со официјална промоција, ракововодството на Вардар.

Герсон потпиша на една година, значи договорот со Вардар е до јуни 2027, но со можност истиот да биде продолжен.

Тој вчера пристигна во Скопје, па откако успешно ги мина лекарските прегледи следуваше и потпис.

Искусниот играч за врска, покрај другите клубови, во својата кариера настапулавал и за Динамо Киев, а доаѓа од Тајланд, секако и за селекцијата на Луксембург.

Инаку Герсон е втор играч кој доаѓа во Вардар а претходно бил член на Динамо Киев, секако дека првиот беше Горан Попов, но не играле заедно во украинскиот гигант.

ПретходноЈелена Антиќ останува уште една година во Бундес-лига!
СледноСкандалозно: Ограбен домот на Синиша Михајловиќ!