Полувреме на „Кошево“: Миовски промаши зицер за нас, босанците погодуваа диреци….

259

Македонската фудбалска репрезентација во моментов во Сараево, пред преполниот стадион Кошево го игра пријателскиот натпревар проти домаќинот Босна, учесникот на следниот Мундијал во САД, Мексико и Канада.

На полувреме резултатот е 0:0, во дуел во кој домаќинот сериозно се чува од било каков проблем, но и потенцијално се заканува кон нашиот гол.

Во почетните минути, младиот Алајбеговиќ распали од далечина, топката од Зајков доби лошо ефе и заврши во оквирот од голот на Димитриевски.

На спротивната страна во 11. минута одбраната на Босна лошо реагираше, топката дојде до Миовски кој што од прва шутираше од дистанца но Зломислиќ беше сигурен.

Алајбеговиќ имаше свој продор по таа негова лева страна но Димитриевски сигурен при центаршутот на петерец, за да следува најголемата шанса во првиот дел.

И тоа за Македонија. Катастрофална грешка на одбраната на Босна во која еден пас удри во Растодер, топката заврши во нозете на Миовски, а овој излезе сам пред Зломислиќ. Моиовски се обиде да го лобува, тоа и му успеа, но за жал, речиси на гол линијата спаси Радељиќ.

Третата можност за Миовски се создаде по доброто проигрување на Атанасов, но нашиот напаѓач не успеа да реагира најдобро.

Баждар во последните секунди од првиот дел најпрво имаше удар со глава во кој го погоди дирекот, а потоа по лошата реакција на нашата одбрана, во која што одзема една топка од десно, за малку не постигна гол но од блок топката отиде во корнер.

Босна – Македонија

Стадион Кошево

Гледачи: 30.000

Стрелци:

Босна: Зломислиќ, Дедиќ, РАдељиќ, Катиќ, Мујакиќ, Бајрактаревиќ,Тахировиќ, Гиговиќ, Баждар, Лукиќ, Алајбеговиќ

Македонија: Димитриевски, Муслиу, Велковски, Зајков, Херера, Николов, Атанасов, Јанкулов, Миовски, Растодер, Елмас

ПретходноМаратонот и драмата за Фонсека: Новак елиминиран во 3.коло на Ролан Гарос!
СледноИма договор: Бернардо Силва две години во Барса!(ФОТО)