Седлоски: Да дадевме гол, мечот ќе беше поинаков

361

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски на прес конференцијата по дуелот со Босна во Сараево кој што го одиграме 0:0, изјави дека е задоволен од она што го видел на терен, и дека ако Миовски ја искористел шансата која што ја имаше во првиот дел, нештата на мечот ќе беа сосема поинакви.

„Прво полувреме имавме и ние шанси, и Босна имаше иницијатива и шанси. Ако постигневме гол од тие две шанси, ќе беше мечот сосема поинаков. Имаше и противникот прилики. Ова е некоја нова репрезентација, со доста трка, со помагање, со доста борба. Игравме со една селекција која игра на Светско првенство и во една прекрасна атмосфера. Сметам дека нерешениот резултат е најреален. Што се однесува до нападот, шансите ќе дојдат. Против силни селекции секоја прилика мора да се искористи“, изјави Седлоски.

ПретходноМиовски: Се воигруваме, и ваквите мечеви се одлични за да се подготвиме за она што следува