Срамни и шокантни вести доаѓаат од Сремска Каменица, Србија! Семејната куќа на покојната фудбалска легенда Синиша Михајловиќ била мета на несовесни разбојници, кои зеле пари од домот, како и многу непроценливи историски реквизити од богатата кариера на Синиша. Срамниот грабеж се случил во вторник, во мртва ноќ, помеѓу два и три часот наутро. Двајца маскирани крадци провалиле во куќата каде што живее мајката на Синиша, Викторија Михајловиќ.
За да се осигурат дека нема да се разбуди и за да имаат што е можно повеќе време да се шетаат, чудовиштата дополнително ја зашеметиле несреќната жена додека спиела! Целиот упад и срамната забава биле снимени од безбедносни камери, случајот бил веднаш пријавен, а полицијата во Нови Сад интензивно работи на идентификување и апсење на крадците. Украдени се трофеи, дресови и фудбалски копачки од непроценлива вредност на починатиот Синиша.










