Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

174
ФОТО:.facebook.com/fckozuf/

Денеска и утре се играат баражите за пополнување на ВМФЛ за следната сезона. Попладнево од 16:30 часот се играат три меча, а утре уште еден.

Сега веќе нема поправен, осум желби и само четири “визи“. Победниците од овие бараж мечеви во сезоната 2026/27 ќе играат во ВМФЛ, додека поразените ќе играат во третите лиги.

Денеска во Кратово се среќаваат Саса и Еуромилк, додека во Кочани играат за второлигашка “виза“ екипите на Кожув и Борец, додека во Штип составот на Победа Валандово се среќава со Камјани од Камењане.

Утре од 16:30 часот на стадионот во Ѓорче Петров, некогаш гигантот Тетекс се среќава со Влазними од Струга.

Во секој случај ќе биде супер интересно и крајно возбудливо.

БАРАЖИ ЗА ВМФЛ

ДЕНЕСКА, 16:30 Ч

Кратово: Саса – Еуромилк

Кочани: Кожув – Борец

Штип: Победа (В) – Камјани

НЕДЕЛА, 16:30 Ч

Ѓорче: Тетекс – Влазними (С)

ПретходноЃоковиќ: Би сакал да имам 19 години! Нема да застанам макар и на една нога!
СледноЛШ финале – ПСЖ VS Арсенал: Најдобриот во Европа против најдобриот во Премиерлигата! (ФОТО)