Уште една одлична партија на нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ во дресот на Баерн Минхен. Попладнево во првиот меч од полуфиналето во плеј – офот во првенството на Германија, Баерн како домаќин славеше со 83:78 и поведе во серијата со 1:0.
Кога сме кај Македонецот, Нено запиша дабл – дабл, односно запиша 10 поени, имаше и 14 асистенции и два скока.
Навистина импресивен настап на Димитријевиќ посебно кога станува збор за асистенциите.
Инаку македонскиот кошаркар на оваа средба одигра 23 минути, но и со оваа минутажа беше доволна да ги искаже своите квалитети.










