Кожув, Еуромилк и Камјани во следната сезона ќе играат во ВМФЛ!

133

Екипите на Кожув, Еуромилк и Камјани следната сезона ќе играат во ВМФЛ откако попладнево во трите баражи за пополнување на втората лига славеа победа против своите противници.

Во Кратово составот на Еуромилк славеше со 2:1 против Саса, иако губеше со 0:1 а победничкиот гол го даде во 89.минута за големо славење на своите фанови.

Во Кочани немаше никакви дилеми. Кожув и тоа како беше убедлив против Борец и победи со 4:0, па така и следната сезона ќе ги гледаме гевгеличани во ВМФЛ.

И во третиот попладневен бараж, кој се одигра во Штип, тимот на Камјани со 2:0 беше подобар од Победа (Валанцдово), па така тимот од Камењане ќе игра во ВМФЛ следната 2026/27 сезона.

Утре се игра четвртиот бараж и тоа меѓу Тетекс и Влазними (Струга).

ПретходноКошаркарска федерација со нови правила: Намален бројот на странци, клубовите ќе мораат да обезбедат минимален буџет
СледноПолувреме: Хаверц “тресе“ за водство на Арсенал!