Потпретседателот на Арсенал за Артета: Без разлика на исходот од финалето на ЛШ, ништо нема да се промени!

108
ФОТО:.facebook.com/Arsenal/

Главниот приоритет на Арсенал е да потпише нов договор со менаџерот Микел Артета, откако Шпанецот ги предводеше Лондончани до нивната прва титула во Премиер лигата по 22 години, изјави потпретседателот на англискиот клуб, Џош Кренке.
Артета, кој минатиот месец изјави дека е целосно посветен на „топџиите“, има договор кој важи до крајот на следната сезона.
“Добрата вест за навивачите на Арсенал ширум светот е дека тој (Артета) ужива во проектот. Уживаше да биде тука уште од кога беше играч, па сè досега. Тој е човек на Арсенал до срж. Му давам 100% признание на Микел, неговиот тренерски штаб и на играчите. Финалето денеска нема да влијае на тоа кои сме. Дури и да го добиеме најдобриот резултат, тоа не ги менува работите. Ќе се стремиме да се засилиме во наредните недели и месеци. Мора да продолжиме да се развиваме“ посочо Кренке.

Денеска (18 Ч) тимот од Лондон ќе игра против минатогодишниот европски клупски шампион Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите и ќе има можност да ја направи оваа сезона најуспешна во историјата на клубот.
За потсетување, последниот пат кога „топџиите“ играа во финалето на Лигата на шампионите пред оваа сезона беше на 17 мај 2006 година во Париз, кога беа поразени од Барселона со резултат од 2:1.

ПретходноСедлоски: Да дадевме гол, мечот ќе беше поинаков
СледноХрватот објави порака на полноќ: Модриќ се збогува со Милан?