Претседателот на ЕХФ Предраг Бошковиќ, во посета на Општина Охрид

57

Во пресрет на утрешниот реванш дуел од финалето на ЕХФ Европскиот Куп кој што ГРК Охрид го игра против романскиот тим Татабања, првиот човек на ЕХФ, Предраг Бошковиќ оствари средба со градоначалникот на Општина Охрид,  Кирил Пецаков.

​”Заедно разговаравме за иднината на ракометот, за возбудата која нè очекува со претстојниот финален натпревар, но и за визијата и амбициозните планови на нашиот ГРК Охрид. Посебно ме радуваат честитките кои ги добивме за нашиот проект и за досегашните успеси. Тоа е силна потврда дека се движиме во вистинската насока.
Ракометот во Охрид има светла иднина, а ние продолжуваме да работиме уште посилно за нови победи и успеси!”– изјави Пецаков.

ПретходноИнтер се засилува со млад репрезенативец на Италија
СледноЛШ финале: Енрике и Артета ги објавија стартните состави! (ФОТО)