Димитријевиќ одличен во победата на Баерн против Бон

34
ФОТО:.facebook.com/fcbayernbasketball/

Уште една одлична партија на нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ во дресот на Баерн Минхен. Попладнево во првиот меч од полуфиналето во плеј – офот во првенството на Германија, Баерн како домаќин славеше со 83:78 и поведе во серијата со 1:0.

Кога сме кај Македонецот, Нено запиша дабл – дабл, односно запиша 10 поени, имаше и 14 асистенции и два скока.

Навистина импресивен настап на Димитријевиќ посебно кога станува збор за асистенциите.

Инаку македонскиот кошаркар на оваа средба одигра 23 минути, но и со оваа минутажа беше доволна да ги искаже своите квалитети.

ПретходноПораз на Македонија од Бугарија
СледноКошаркарска федерација со нови правила: Намален бројот на странци, клубовите ќе мораат да обезбедат минимален буџет