Историски момент: Катерина Ацевска е прва на светската ранг листа во џиу-џицу

43
фото: Македонска Џиу - Џица Федерација (FB)

Македонскиот спорт бележи историски резултат. Нашата најдобра џиу-џицу натпреварувачката Катерина Ацевска и официјално се искачи на првото место на светската ранг-листа во сениорска конкуренција, во категоријата над 70 килограми.

Позади неа останаа 70 борци во таа категорија од 30 различни држави.

„Овој резултат доаѓа по 15 години напорна работа и посветеност, многу вложување и многу откажување. Многу пролеана пот и крв, многу тренинг кампови, повреди, неправди, непреспиени ноќи и финансиски тешкотии. Една цела младост. Ова е резултат на бројни турнири, медали од светски и европски првенства, Гранд При и Балкански натпреварувања. Не застануваме тука – ќе се обидеме да го задржиме првото место што е можно подолго. Ова е голем мотив, но и обврска да продолжиме уште посилно“, порачуваат од федерацијата.

ПретходноВардар го раскина договорот со фудбалерот кој му донесе Куп титула
СледноМногу лоши вести за Ѓоковиќ по раната елиминација од Ролан Гарос