Селекцијата на Франција се собра во Клерфонтен пред Светското првенство, кое започнува во Канада, САД и Мексико на 11 јуни. Жил Кунде (27) привлече внимание за време на собирот во кампот на репрезентацијата со својот избор на модна линина. Дефанзивецот на Барселона во минатото беше коментиран од фудбалските фанови и експерти.
Л’Екип објави видео од пристигнувањето на Кунде, а некои од коментарите под видеото се:
„Изгледа како земјоделец“, „Што е ова? Бескорисен е“, „О, Боже. Идиоти го убедија да изгледа како модна икона. Однесете го во Лас Вегас“, „А потоа се прашуваат зошто никој не се грижи за француската репрезентација“, „Сите го чекавме“, „Чизми на 32 степени“…
Во мај 2025 година, тој се приклучи на репрезентацијата на истата локација во чевли со високи потпетици и чанта Луј Витон. Во март 2025 година, во пресрет на натпреварот против Хрватска, тој пристигна, како што пишуваше во коментарите на социјалните мрежи, облечен како шеф на мафијата. Во ноември минатата година, тој имаше долг зелен капут, чанта, шапка и очила.
Le défenseur Jules Koundé est arrivé à Clairefontaine pour préparer la Coupe du monde 2026 pic.twitter.com/bV8iWAbNwE
— L’Équipe (@lequipe) May 29, 2026










