ЛШ финале: Пеналите одлучија – ПСЖ и натаму е најдобар во Европа!

290
ФОТО:.facebook.com/PSG/

ПСЖ – Арсенал 1:1 или вкупно 5:4 по изведување на пенал – серијата, тоа значии дека ПСЖ ја одбрани титулата, ПСЖ и натаму е најдобар во Европа. Ова е исходот од финалето кое вечерва се одигра во Будимпешта.

Трагедија за Арсенал, но Езе и Габриел очајно изведуваа пенали, па така по една драма, по 120 минути и пенал – серија, 71. финале му припадна на ПСЖ.

Ова е второ загубено финале за Арсенал, по она пред 20 години од Барселона.

Инаку финалето започна и тоа како изненадувачки за бранителот на тронот. Каи Хаверц продре по левата страна за да потоа од незгодцна ситуација просто ја “закова“ топката во мрежата на Сафонов за 0:1, за водство на Арсенал, за еуфорија за фановите на “црвено – белите“ од Лондон.

Веднаш се забележа дека ПСЖ тешко ја пробива одбраната на Арсенал. Тимот на Артета умешно го “разоружа“ составот на Луис Енрике. Првите закани беа дури во финишот на првиот дел, но Руиз и Дембеле не успеваа да бидат попрецизни за конечни 0:1 по првиот дел. Треба да се каже дека Хаверц во 45+4.минута имаше голема шанса за 0:2.

Јасно беше дека во продолжение од средбата ПСЖ и тоа како ќе нападне, не можеше да се очекува ваков ПСЖ во текот на целиот меч.

И во 62.минута Москера прави фаул врз Кварацкелија, тоа е чист пенал, тоа го потврди и ВАР.

Дембеле ја презеде одговорноста и во 65.минута на семафорот резултатот беше 1:1.

Потоа се отвори финалето, Арсенал се отвори, но затоа остави простор за контранапади, а од таква ситуација Кварацкелија во 71.минута ја погоди стативата.

Во 89.минута Витиња за малку ќе донесеше победа за ПСЖ, но сега Раја имаше среќа. Сантиметри го делеа од радост за тимот од Париз.

Последната шанса ја имаше Баркола, но ништо од тоа па финалето отиде во продолженија, а ПСЖ е без Кварацкелија и Дембеле, а Арсенал без Сака кои беа заменети.

Во првото продолжение во таа 102.минута, Мадуеке беше фаулиран, сите од Арсенал бараа пенал, но не го добија.

Па, откако немаше победник и во продолженија 2Х15 минути, мораше да се изведуваат пенали, а таму поуспешни беа фудбалерите на ПСЖ.

ПретходноДон Карло одлучи: Нејмар и повреден ќе оди на СП!
СледноКруната останува во Париз: ПСЖ го урна проклетството во ЛШ!