Македонија беше план Б за Барбарез!

98
ФОТО: FFM.MK

Долго се најавуваше како спектакл, и беше спектакл синоќа на “Кошево“ пред околу 30.000 гледачи. БиХ која се “загреваше“ за претстојниот Мундијал и Македонија која се “загреваше“ за она што ќе се случува од септември па натаму.

И веднаш откако го видовме составот на домашната селекција, кој го изведе нивниот селектор Сергеј Барбарез, имаше разочарување кај сите, а посебно кај нас, или барем тие што повеќе се разбираат во фудбал. А тоа е дека Македонија за Барбарез беше само план Б. Еве тоа денеска и тамошните медиуми тоа го истакнуваат. Македонија послужи само за проверка на “вториот состав“ на домашната селекција. Кај нас разочарувањето беше дека Барбарез не не се сфаќа толку сериозно, па дома пред преполно “Кошево“ ќе настапи со оние играчи кои му се резерва.No description available.

На домашните фанови тоа не им беше толку важно, па ни резултатот, на нив им беше поважно да ги испратат своите херои како што доликува на претстојното СП и да им посакаат многу успех и секако среќа.

Но, ние што правиме?

Тие 0:0 беа, онака…

Треба дополнителна анализа. Ние настапивме со нашиот најсилен состав, недостигаше само капитенот Енис Барди, значи ние и со тој план Б на Барбарез, не успеавме да постигнеме гол.No description available.

Да, имавме две шанси, но сепак реално домашната селекција имаше повеќе од играта, гаѓаше стативи, имаше повеќе шанси за победа.

Уште еднаш, ова беше трета средба на Седлоски како селектор на која Македонија не успева да постигне гол.

На крај, секоја чест и браво за Босанците, за приемот, за честа што ни ја укажаа, ама останува некаков си горчлив вкус дека Македонија синоќа за нив беше само план Б.

ПретходноПилиповиќ: „Еве, веќе се наежив, верувам во нова победа“!
СледноПарондо и Мелсунген испишаа историја – прво европско финале