„Надежите“ денеска на мегдан со Бугарија

67

Македонскиот национален тим до 21. година, денеска го игра закажаниот пријателски дуел против соодветната селекција на Бугарија во Софија, на стадионот Бистрица.

Дуелот се игра во 16:00 часот по македонско време, а нашиот национален тим замина за Бугарија релативно ослабен.

Со неколку откажувања во името на Трајков, играчите на Шкендија Мелиќи, односно Јакуповиќ, како и играчот на Струга, Хамза Меметриза.

Оваа генерација има уште два дуела за доигрување од актуелните квалификации. Истите се закажани наесе против Црна Гора и Шведска.

 

ПретходноВо Битола се „билда“ атмосфера за баражот утре во Кавадарци (ВИДЕО)
СледноЛуис Енрике: Ќе видиме кој е подобар и кој ќе го освои трофејот