Ѓоковиќ: Би сакал да имам 19 години! Нема да застанам макар и на една нога!

248
Фото: Ролан Гарос Х

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доживеа шокантна елиминација во третото коло на Ролан Гарос, откако по голем пресврт загуби од младиот Бразилец Жоао Фонсека со 3:2 во сетови, иако имаше водство од 2:0.

Со овој пораз, Ѓоковиќ ја пропушти шансата за 25. гренд слем титула, а воедно првпат по 17 години го заврши настапот во Париз пред четвртфиналето. Ова е и само втор случај во неговата кариера да загуби меч по водство од 2:0 во сетови.

По натпреварот, Ѓоковиќ не го криеше разочарувањето, но спортски призна дека противникот бил подобар:

„Тешко е да се загуби ваков меч. Фонсека беше подобар во клучните моменти, особено во петтиот сет каде одигра извонредно.“

Српскиот ас посочи дека во текот на мечот почувствувал пад на енергијата:

„Во третиот сет физички паднав. Го изгубив интензитетот, а тој го искористи моментот и заигра агресивно. Би сакал да имам 19 години. Кој и да игра против мене на ГП, мора да победи. Таа витешка борба, духот…што ги носам. Нема да престанам, дури ниту на една нога, нема да престанам“.

Кога беше прашан за неговата физичка состојба и проблемите со рамото, Ѓоковиќ изјави дека е прерано за конкретни заклучоци.

„Се обидувам да бидам оптимист, но го напуштив теренот пред десет минути. Разочаран сум, преовладува како емоција. Ќе видиме што ќе донесе денот, ќе видиме што ќе се случи.“

И покрај поразот, Ѓоковиќ истакна дека долго време имал контрола врз играта, но не успеал да го задржи нивото до крајот. За 19-годишниот Фонсека имаше само пофалби:

Што се однесува за неговата иднина на Ролан Гарос кратко одговори:
„Не знам.“

И покрај елиминацијата, нагласи дека е задоволен од прикажаното, особено ако се земат предвид повредите, и дека бил многу блиску до победа.

ПретходноСтерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?
СледноБаражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!