Арсенал со шампионска парада во Лондон!(ФОТО+ВИДЕО)

159
ФОТО:printscreen

Иако вчера беа поразени од ПСЖ во финалето во Лигата на Шампионите, како што и беше најавено, Арсенал попладнево е на шампионска парада по улиците на Лондон. Причината е освојувањето на титулата во Премиерлигата по пауза од 22 години.

Покрај тренерот Артета и играчите на Арсенал, тука се и фудбалерките на Арсенал кои исто така се шампиони, како и некогашни ѕвезди на клубот од Северен Лондон.

Јасно е дека атмосферата е еуфорична, ама се ќе беше поинаку ако вчера во Будимпешта беше освоен и пехарот во Лигата на Шампионите.

ПретходноБецеки конечно победи во Муџело за историја на Априлја
СледноНекогаш вредеше 100 милиони евра: Рафа Леао потврди дека си оди од Милан