Пелистер – Шкендија (А) 0:0 и Брера – Скопје 0:0 по првите полувремиња на двата баражи за пополнување на ПМФЛ. На Градскиот стадион во Кавдарци пред исполнети трибини и фанови на двата тима, Пелистер ја имаше иницијативата и имаше две шанси преку Мирко Ивановски во 20. и 35.минута, но немаше гол.
Во 38.минута “бомба“ на Нухија од 30 метри која заврши во пречката на битолчани, малку недостигаше тимот од Арачиново да поведе.
Без голови по првото полувреме се игра и во Битола каде се среќаваат Брера и Скопје. “Пиратите“ беа најблиску до гол кога Цветков од слободен удар уште во првите минути на мечот ја погоди пречката на струмичани.















