ФФМ доцна синоќа ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата на денешните бараж натпревари за потполнување на Првата лига на Македонија.
Во Кавадарци ќе се сретнат екипите на Пелистер и Шкендија од Арачиново, а оваа средба ќе ја судви Игор Стојчевски, ќе му помагаат Вјолца Изеири и Дарко Јовчевски. ВАР судии на споменатиот меч ќе бидат Пларент Салихи и Мартин Дејаноски.
Интересно ќе биде во Битола каде Брера од Струмица ќе се пресмета со Скопје. Тимот од скопската населба „Автокоманда“ има надеж дека ќе игра во елитата од следната сезона, а таму посакува да остане и тимот на Горан Пандев.
ФФМ за оваа средба го делегираше Фатмир Бафто од Охрид кој ќе има асистенција од помошните арбитри Мишо Ѓорѓиевски и Александар Ѓорѓески. Тандемот Доне Ристевски и Тошо Ицев ќе бидат во ВАР собата.















