Бецеки конечно победи во Муџело за историја на Априлја

51
ФОТО:x.com/MotoGP

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, славеше на Големата награда на Италија, седмата трка од сезоната на шампионатот во Мото ГП. Италијанскиот мотоциклист триумфираше во Муџело за прв пат во својата кариера, па дури и се најде на подиумот за прв пат на таа патека во кралската класа, а по патот ѝ ја донесе на Априлија првата победа. Бецеки ја освои својата четврта победа во сезоната на домашен терен, три секунди пред совозачот Хорхе Мартин, додека на дуото на Априлија на подиумот му се придружи возачот на Дукати, Франческо Бањаја. Во борбата за последното место на подиумот во фото-финишот, Пеко го победи Аија Огура од Тракхаус за 34 илјадити дел од секундата.

По четвртата победа, Бецеки води во генералниот пласман со 173 поени, 17 повеќе од Мартин. Овогодинешното првенство во Мото ГП продолжува следната недела со Големата награда на Унгарија на патеката Балатон Парк.

ПретходноКостадинов “стрелаше“ за Словачко во баражот за опстанок
СледноАрсенал со шампионска парада во Лондон!(ФОТО+ВИДЕО)