Секоја чест за битолчани: Почивај во мир Аган! (ФОТО)

677
ФОТО:facebook.com/FC.PelisterBitola

Така прават големите клубови, оние кои знаат добро што е тага. Па така и ФК Пелистер непосредно пред стартот на бараж мечот со Шкендија (Аарачиново) во Кавадарци направи голем гест за кој треба да се каже едно големо -БРАВО.

Има разлика и тоа како кој тоа како го прави.

Имено фудбалерите на Пелистер искочија со маички на кои пишуваше – ПОЧИВАЈ ВО МИР АГАН.

Ова е посветено на младиот фудбалер на ФК Куманово, Аган Асани кој пред неколку дена на само 13 години го загуби животот во трагична несреќа.

 

ПретходноНекогаш вредеше 100 милиони евра: Рафа Леао потврди дека си оди од Милан
СледноСер Алекс Фергусон му честиташе на ПСЖ, а го исмеа Арсенал!