Бафто е главен во Битола, Стојчевски е на Пелистер – Шкендија (А)

149

ФФМ доцна синоќа ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата на денешните бараж натпревари за потполнување на Првата лига на Македонија.

Во Кавадарци ќе се сретнат екипите на Пелистер и Шкендија од Арачиново, а оваа средба ќе ја судви Игор Стојчевски, ќе му помагаат Вјолца Изеири и Дарко Јовчевски. ВАР судии на споменатиот меч ќе бидат Пларент Салихи и Мартин Дејаноски.

Интересно ќе биде во Битола каде Брера од Струмица ќе се пресмета со Скопје. Тимот од скопската населба „Автокоманда“ има надеж дека ќе игра во елитата од следната сезона, а таму посакува да остане и тимот на Горан Пандев.

ФФМ за оваа средба го делегираше Фатмир Бафто од Охрид кој ќе има асистенција од помошните арбитри Мишо Ѓорѓиевски и Александар Ѓорѓески. Тандемот Доне Ристевски и Тошо Ицев ќе бидат во ВАР собата.

ПретходноЈована Мицевска пред потпис со Црвена Звезда
СледноЛуис Енрике: Дали сум легенда? Не ме интересира тоа!