Ливерпул го потврди заминувањето на Конате

50
фото: Liverpool FC

Фудбалерот на Ливерпул и француски репрезентативец Ибрахима Конате (27) заминува од англискиот клуб, откако овој месец ќе му заврши договорот.

Во соопштението на Ливерпул се наведува дека Конате ќе го напушти клубот од „Енфилд“ по пет сезони.

Конате пристигна во Ливерпул во 2021 година од Лајпциг. Францускиот фудбалер одигра 183 натпревари за англискиот клуб и постигна седум гола.

Тој освои пет трофеи со Ливерпул.

ПретходноВо Шкендија (А) се слави и со знамето на Македонија
СледноФудбалерите тренираа во Истанбул пред утрешниот тест со Турција (ФОТО)