Во пресрет на утрешниот пријателски меч меѓу Турција и Македонија, попладнево прес конференција одржа селекторот на домашната репрезентација Винченцо Монтела.
Покрај другото тој со респект говореше за нашата репрезентација предводена од Гоце Седлоски, која утре со почеток од 18:30 часот на стадионот “Шукру Сарачоглу“ во Истанбул ќе се обиде да дојде до добра резултат.
За Турција ова ќе биде своевидан “генералка“ пред настапот на СП 2026:
“Светското првенство е огромен настан. Секоја земја има различна фудбалска култура. Ја избравме Македонија за пријателскиот натпревар бидејќи играат слично како Австралија. За нас, натпреварот не е неважен. Не постои пријателски натпревар. Секој резултат е важен. Ќе има различни играчи против Македонија, но сè ќе се сведе на стилот на игра.“










