Пилиповиќ: Горд сум што бев дел од оваа фантастична приказна! Охрид ти благодарам!

317

Кристијан Пилиповиќ со златни букви ќе биде запишан во историјата на ГРК Охрид. Хрватскиот голман на мрежата на езерскиот тим беше главен лидер во сите победи во ЕХФ Европскиот Куп. На вториот финален меч против Татабања повторно беше ветер во грбот на својот тим, запиша 13 одбрани.

Тој на најдобар можен начин ја завршува својата мисија во Охрид, следната сезона ќе настапува за Луцерен.

„Ова беше најлуд меч, каква енергија… Голема благодарност до градот, до навивачите и најмногу до мојата екипа. Секоја чест за момците. Горд сум што бев дел од оваа фантастична приказна“, искоментира Пилиповиќ.  

ПретходноОјлески: Се договоривме дека мора да го оставиме срцето на терен и испишавме историја!
СледноЧеститки од сите страни, Алкалоид до ГРК Охрид: Добредојдовте во друштвото на освојувачите!