Седлоски пред Турција: Ќе го дадеме најдоброто, оваа репрезентација е во период на транзиција

82

По ремито со Босна и Херцеховина (0:0), македонската фудбалска репрезентација утре вбо Истабул ќе го одигра и вториот пријателски натпревар.

Селекторот Гоце Седлоски на денешната прес-конференција пред утршниот дуел, најави дека очекува добро издание на дуелот во Истанбул.

„Играме со една силна репрезентација како Турција и ќе се обидеме да го дадеме најдоброто. Ние сме во период на транзиција, а во составот имаме неколку нови имиња и од нив имавме три стартери против БиХ. Турција е голем предизвик, имаат одлични индивидуалци, но верувам дека сите што ќе добијат шанса ќе ја искористат. Ние се подготвуваме максимално за секој нареден натпревар. Барам секако дисциплина на теренот, а не треба да заборавиме дека играме со навистина силни селекции. Сакам да играме офанзивно, не сум тип на тренер кој сака да се брани, но некогаш и противникот се прашува за настаните на теренот“, вели Седлоски пред новинарите.

Натпреварот меѓу селекциите на Турција и Македонија утре е на програмата со почеток од 18:30 часот.

Претходно“Чкембари“ се истепаа меѓу себе!(ВИДЕО)
СледноАлиоски: Очекувам квалитетен натпревар