Така прават големите клубови, оние кои знаат добро што е тага. Па така и ФК Пелистер непосредно пред стартот на бараж мечот со Шкендија (Аарачиново) во Кавадарци направи голем гест за кој треба да се каже едно големо -БРАВО.
Има разлика и тоа како кој тоа како го прави.
Имено фудбалерите на Пелистер искочија со маички на кои пишуваше – ПОЧИВАЈ ВО МИР АГАН.
Ова е посветено на младиот фудбалер на ФК Куманово, Аган Асани кој пред неколку дена на само 13 години го загуби животот во трагична несреќа.















