Попладнево во Ѓорче се одигра и четвртиот бараж меч за пополнување на ВМФЛ за следната сезона. Тетекс успеа со неверојатни 9:0 да го победи Влазними од Струга и со тоа дефинитивно да го задржи статусот на второлигаш.
Па така сега познати се сите 14 клубови кои следната сезона ќе бидат дел од ВМФЛ.
Тоа се:
Работнички, Пелистер, Македонија ЃП, Шкупи, Брера, Охрид, Беласица, Осогово, Новаци, Детонит, Еуромилк, Кожув, Камјани и Тетекс.
Интересно друштво за Работнички и Пелистер…










