Затишје е во Тетово каде во екипата на Шкендија се очекуваат конкретни потези во преостанатите неколку дена со оглед на тоа дека екипата остана без шеф на струката по заминувањето на Јетон Беќири. Екс-селекторот Благоја Милевски останува пик број еден за клупата на „црвено-црните“, но во меѓувреме низ кулоарите се споменуваа и имињата на Југослав Тренчовски но и Арсим Тачи од Косово.
Она што е најново а доаѓа како информација од Албанија е дека Оргес Шехи е во опција за испразнетото тренерско место во Шкендија. Станува збор за тренерот кој е активен шеф во екипата на Тирана со која успеа да обезбеди опстанок во елитата на својата земја. Шехи е поранешен голма, има 48 години и зад себе кариера како тренер во екипите на Скендербег, Кукс, Партизани, Тирана и во екипата на Балкани на Косово.
Шкендија зад себе има успешна и историска сезона во настапите на меќународна сцена и неуспех на домашен терен каде ја загуби титулата од Вардар, но и финалето од Купот на Македонија од Силекс (1:0). Екипата има турбуленции, а покрај тренерот најавени се заминувања и на неколку од првотимците.
Љатифи е пред трансфер во Дрита од Косово















