Монтела: Ја избравме Македонија зошто игра слично како Австралија!

427
ФОТО:.sporx.com/

Во пресрет на утрешниот пријателски меч меѓу Турција и Македонија, попладнево прес конференција одржа селекторот на домашната репрезентација Винченцо Монтела.

Покрај другото тој со респект говореше за нашата репрезентација предводена од Гоце Седлоски, која утре со почеток од 18:30 часот на стадионот “Шукру Сарачоглу“ во Истанбул ќе се обиде да дојде до добра резултат.

За Турција ова ќе биде своевидан “генералка“ пред настапот на СП 2026:

Светското првенство е огромен настан. Секоја земја има различна фудбалска култура. Ја избравме Македонија за пријателскиот натпревар бидејќи играат слично како Австралија. За нас, натпреварот не е неважен. Не постои пријателски натпревар. Секој резултат е важен. Ќе има различни играчи против Македонија, но сè ќе се сведе на стилот на игра.“

ПретходноКаква „бомба“ од Маракана! Нашиот Трпески со првиот тим на подготовки
СледноРК Прилеп победнички за крај на сезоната