Ако се бара најдобриот момент оваа сезона на клупски план во Македонија, дефинитивно истиот му припаѓа на ГРК Охрид. Езерскиот тим испиша историја го освои првиот пехар од своето постоење и до истиот дојде со две победи во финалето, едноставно Татабања која беше фаворит во оваа пресметка беше целосно надиграна.
Охриѓани отворија ново поглавје, покажаа дека се вистински „гладијатори“, се бореа херојски за секоја топка, на крајот заслужено го подигнаа пехарот пред полните трибини во СЦ „Билјанини Извори“.
Охридската тврдина во ЕХФ Европскиот Куп е неосвоилива. Овој голем успех ќе се слави допрва.
Охрид станува нов ракометен град…










