Во сообраќајка загина поранешен грчки репрезентативец

258

Во сообраќајна несреќа, денеска животот го загуби поранешниот фудбалски репрезентативец на Грција, 33-годишниот Мариос Eконому.

Трагедијата се случила додека возел мотоцикл и се судрил во автомобил. Брзата помош стигнала на местото на несреќата, но за жал не успеала да го реанимира.

Економу во кариерата имаше шест настапи за грчката фудбалска репрезентација.

ПретходноФК Пелистер со големо ФАЛА: Благодарност до цела Македонија за поддршката кон Пелистер
СледноДуња Иванова обезбеди директен настап на СП во МТБ маратон!