Во последниот натпревар од М16 лигата во оваа натпреварувачка сезона, финалниот, кошаркарите на Вардар за нијанса подобри од Водно санс (90:86). „Црвено-црните“ за заслужено го освоија првото место во оваа конкуренција.
Шадиновски беше прв стрелец во шампионската екипа, реализираше 22 поени (пет скока и три асистенции). Го следеше Трпчевиќ, кој запиша двоен ефект од 17 поени и 11.скока (имаше и четири асистенции), додека Џолев имаше 16 поени и 13 скока.
Кај Водно санс, Анѓеловски дојде до 22 поени (плус и по седум скока и исто толку асистенции), еден помалку имаше Муратовски (четири скока).
Џолев е МВП на финалниот турнир
Јосиф Џолев, кошаркарот на Вардар, шампионската екипа во М16 лигата, е прогласен за најкорисен играч на финалниот турнир во оваа кадетска конкуренција.










