Македонската фудбалска репрезентација во моментов во Истанбул, на стадионот на Фенербахче пред преполни трибини и повеќе од 40.000 гледачи, губи во пријателскиот натпревар против домашната Турција, со 2:0.
Во дуел во кој домаќинот може да се каже слободно дека доминира, Македонија прими гол уште во првите шеесетина минути, и тоа од втората шанса на домаќинот. Најпрво во 13. секунда, Кокчу распали во гредата од голот на Димитриевски, за да само педесетина секунди подоцна, и погоди во мрежата. Ајдин од десно убаво продре, нафрли по земја, а Кокчу неодбранливо бие во нашиот гол.
Во 16. Минута пак, по една молњевита контра на домаќинот, и асистенцијата на Елмаси, Узун биеше од работ на шеснаесетникот, Зајков не успеа да изблокира иако стигна на време да се постави, а топката од дирекот влезе во мрежата од голот на Димитриевски.
Ние пак, единствениот обид го имавме преку Јани Атанасов, кој што шутираше покрај голот. Ѓуруз на спротивната страна од излгедна позиција биеше топовски над голот на Димитриевски.
Во последните моменти од првиот дел, имавме зицер ситуација кога Миовски прекрасно го проигра Алиоски на вториот дирек, овој најпрво дриблаше, па шутираше од идеална позиција, а Бајиндир реагира супер. На одбиената топка Омерагиќ не успеа да реагира најдобро, па шансата пропадна.
Ајдин во судиското продолжение од лево, биеше по земја, но Димитриевски на место.
Турција – Македонија 2:0
Стадион на Фенербахче
Гледачи: 47.430
Стрелци: Кокчу 1’, Узун 16’ (Т)
Турција: Бајиндир, Мулдур, Кабак, Сојунџу, Елмали, Озџан, Кокчу, Акгун, Узун, Ајдин, Гул
Македонија: Димитриевски, Деспотовски, Зајков, Велковски, Фетаи, Алиоски, Елези, Атанасов, Миовски, Омерагиќ, Елмас










