Македонија против Турција стартува со Миовски, Елмас и Омерагиќ во нападот

134

Македонската фудбалска репрезентација за отприлика еден час ќе го стартува пријателскиот дуел против Турција во Истанбул.

Со почетен тајминг од 19:30, Македонија ќе настапи со видоизменет состав во однос на она што го видовме во Сараево против Босна.

Па така, на голот повторно е Димитриевски, а во стоперската тројка се Зајков, Велковски и Фетаи.

Наместо Јанкулов по десно денеска стартува Стефан Деспотовски. Лево е Алиоски, а во средината се Агон Елези и Јани Атанасов.

Во нападот се Бојан Миовски, Елиф Елмас и за прв пат стартерот за А репрезентацијата, Азер Омерагиќ.

ПретходноПредраг Мијатовиќ си поднесе оставка на функцијата во ФК Партизан
СледноЧалханоглу и Јилдиз ќе играат, ама „рап“ на полувреме