РК Пелистер го претстави Червар: “Овој клуб е најголемото ракометно име во Македонија“!

172

И дефинитивно РК Пелистер, еден од нашите најголеми ракометмни клубови врти нова стртаница, нова иднина. Имено на клупата седнува славниот Лино Червар, еден од најголемите тренери во историјата на ракометот.

Ако пред неколку дена Хрватот, некогашен селектор на Македонија и некогашен тренер на Алкалоид, беше потврден од страна на битолчани, денеска тие и официјално го претставија.

Секако свое видување и имаше и самиот Червар:

Можам да кажаме дека чест ми е да работам во Битола, град со огромна ракометна традиција. По осум години се враќам во мојата втора татковина и тука ќе биде крај на мојата кариера. Пред тоа што одлучив дека на се доаѓа крај, а тоа е најубаво во градот каде ракометот е религија. Има луѓе кои сакаат спорт, да го работиш она кое го сакаш е најголемата среќа на човекот. Видов дека постои желба кај луѓето од Битола да дојдам и го прифатив тоа“ посочи Хрватот.

Според него РК Пелистер е најголемо ракометно име во Македонија…

Поздрав за сите поранешни тренери, играчи кои играле за Еурофарм Пелистер, тоа за мене е најголемото ракометно име во Македонија. Имам тешка задача, конкуренцијата е голема, ама мораме да одиме позитивно. Мора да ги пофалиме конкурентите, Вардар кој се разбуди и оди со крупни чекори, потоа и Охрид кој освои европска титула, мора да бидеме пријатели и да соработуваме, ама да има и борба.

Македонија е мала земја, мора сите да бидеме едни за други, ама кога ќе играме, се знае што треба, како што јас велам, Еурофарм Пелистер над се. Само еден тим, само еден град, само Битола. Тоа ќе биде во глава и така ќе ја тренирам екипата заедно со сите мои помошници и асистенти. Ние сме една фамилија, ќе дадеме се од себе и да ја оправдаме довербата истакна Лино Червар.

ПретходноРадовиш во знакот на борењето: Јубилејниот 50-ти „Македонски бисер“ ја обедини регионалната боречка елита
СледноЌе биде “жешко“ во Истанбул: Македонија на Седлоски на силна проверка против Турција!