Велес е шестиот град во кој се одржа „Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади. Во незаборавна атмосфера и фер-плеј игра, младите „симовци“ се натпреваруваа во шест дисциплини: Coca Cola Cup 2011, футсал 2015, ракомет во женска конкуренција, баскет 3х3 во машка и женска конкуренција, народна и атлетика. Секој спорт донесе неизвесност и многу возбудувања.
Велес уште еднаш покажа дека Плазма Спортските игри за млади се дополнителен мотив овој град и во иднина да создава нови шампиони и да продолжи да пишува успешни спортски приказни.
Плазма Спортските игри за млади се најголемиот аматерски спортски настан за деца и млади во Европа, кој моментално се одржува во пет земји во регионот – Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и, за првпат, во Македонија. Целта е промовирање на здрав начин на живот, пријателство и заедништво, а најважно е што учеството е целосно бесплатно за сите деца.
По квалификациските натпревари следуваат регионални и национални првенства, додека најдобрите тимови и поединци ќе се натпреваруваат на големото меѓународно финале во Сплит (17–22 август), каде ќе ја претставуваат својата земја и ќе се дружат со врсници од регионот.
Плазма Спортските игри за млади беа свечено отворени во Скопје, а потоа се одржаа и во Куманово, Штип, Кочани, Струмица и Велес. СИМ веќе во вторник продолжува во Кавадарци.
ИГРИТЕ СЕ ЗАКОН
Повеќе информации за Плазма Спортските игри за млади можете да прочитате на: https://sportskiigrizamladi.com/
ПЛАЗМА СПОРТСКИ ИГРИ ЗА МЛАДИ – ВЕЛЕС
РЕЗУЛТАТИ
Coca Cola Cup 2011
Машки
Галактикос (Лозово)
Женски
Лозово (Лозово)
Футсал 2015
Овче – Гол (Свети Николе)
Ракомет женски
Црвени Стрели (Велес)
Баскет 3х3 машки
VG Siks Seven (Велес)
Баскет 3х3 женски
Viktori Girls (Свети Николе)
Народна 2015
Магија (Велес)
Народна 2017
Зајчиња (Велес)
Атлетика 2015
Машки
Прво место: Ѓорѓи Ѓоргиевски (ООУ Св. Кирил и Методиј – Велес)
Второ место: Теодор Василев (ООУ Св.Кирил и Методиј – Свети Николе)
Женски
Прво место: Ена Радев (ООУ Св.Кирил и Методиј – Свети Николе)
Второ место: Марта Гугуталиева (ООУ Св.Кирил и Методиј -Велес )
Атлетика 2017
Машки
Прво место: Дамјан Петрушевски (ООУ Панко Брашнаров – Свети Николе)
Второ место: Симон Ристов (ООУ Блаже Конески – Велес)
Женски
Прво место: Марија Кирова (ООУ Блаже Конески – Велес)
Второ место: Калина Темелковска (ООУ Блаже Конески – Велес)










