Вардар е кадетски шампион!

73

Во последниот натпревар од М16 лигата во оваа натпреварувачка сезона, финалниот, кошаркарите на Вардар за нијанса подобри од Водно санс (90:86). „Црвено-црните“ за заслужено го освоија првото место во оваа конкуренција.

Шадиновски беше прв стрелец во шампионската екипа, реализираше 22 поени (пет скока и три асистенции). Го следеше Трпчевиќ, кој запиша двоен ефект од 17 поени и 11.скока (имаше и четири асистенции), додека Џолев имаше 16 поени и 13 скока.

Кај Водно санс, Анѓеловски дојде до 22 поени (плус и по седум скока и исто толку асистенции), еден помалку имаше Муратовски (четири скока).

Џолев е МВП на финалниот турнир

Јосиф Џолев, кошаркарот на Вардар, шампионската екипа во М16 лигата, е прогласен за најкорисен играч на финалниот турнир во оваа кадетска конкуренција.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА и годинава поддржувач на Спортски игри Велес
СледноАрсенал е на пат да го сруши рекордот за трошење пари во текот на летото