Вистински МАСАКР се случи вчера а и пред неколку недели кога се виде кој се испаѓа од ПМФЛ. Нестварно, од 12 екипи во елитата во сезоната 2025/26 испаднаа вкупно дури пет. И тоа не било кој, туку звучни имиња кои нешто и тоа како значеле во мак – фудбалот.
Па така во следната 2026/27 сезона во ВМФЛ ќе играат и Работнички, Пелистер, Македонија ЃП, Шкупи, Брера.
Тоа се тимови кои оваа сезона испаднаа од елитата директно или по празите во баражите.
Интересно, овие пет клубови заедно “тежат“ дури 22 трофеи во ПМФЛ и Купот на Македонија.
Работнички (4+4), Пелистер (0+2), Македонија ЃП (1+3), Шкупи или Слога Ј (4+3), Брера (0+1).
Посебно треба да се одбележи испаѓањето на Работнички, прво откако пред 28 години влезе во елитата, за таа 1998/99 сезона.
Тој Работнички играше со Ливерпул, Лацио, Лил, Болтон…ги елиминираше Дебрецин, Трабзонспор, Сконто Рига, Анортозис, Горица, Зрински, си играше мајтап со екипите од Балтикот, со екипи од Андора, Ф.Острови или Луксембург. А сега ќе игра против Камјани од Камењане.
Што ти е судбина!















