Очај, шок и неверување во Битола, по вчерашниот катастрофален исход на бараж дуелот во Кавадарци, помеѓу Пелистер и Шкендија Арачиново. Битолчани во мечот за опстанок во ПМФЛ загубија на пенали, и испаднаа во второлигашката конкуренција.
Навивачката група Чкембари секако дека е разочарана од ваквиот развој на настаните, но предмалку ФК Пелистер испадна голем во своето однесуавње и начин на комуникација.
Се заблагодари на целата македонска јавност, која што навиваше за Пелистер вчера и покрај фактот што клубот испадна во втора лига.















