Што се случува: Пеп си купи луксузна вила на само 100 метри од неговата некогашна сопруга!

378
ФОТО:.facebook.com/mancity/

Повторно е во центарот на вниманието, но сега не на фудбалски теми. Станува збор за Пеп Гвардиола, довчерашниот менаџер на Манчестер Сити. Имено Пеп и неговата поранешна сопруга Кристина Сера повторно се тема на шпекулации на светските и островските медиуми, а како што стојат работите, познатиот тренер е подготвен на сè откако го напушти Манчестер Сити за да ја врати љубовта на својот живот.

По шокантниот развод на почетокот на 2025 година, англиските таблоиди сега објавуваат неверојатни детали за неговиот нов, таен потег на пазарот на недвижности. Откако се појави веста дека шпанскиот стручњак дефинитивно ја напушта клупата на „Граѓаните“ на крајот од оваа сезона, со што се става крај на една од најголемите тренерски ери во Премиер лигата, фокусот се префрли на неговиот приватен живот. Како што објавува „Дејли меил“, Гвардиола штотуку заработил околу 16 милиони евра за суперлуксузна вила во Барселона. Звучи како класичен потег на богатиот човек за враќање дома, нели? Сепак, има една огромна уловина – таа вила се наоѓа на помалку од 100 метри од куќата каде што живее неговата поранешна сопруга Кристина! Да ве потсетиме дека раскинувањето на Пеп и Кристина го потресе фудбалскиот свет пред нешто повеќе од една година. Тие беа заедно повеќе од три децении, важејќи за еден од најстабилните парови во светот на спортот, а потоа сè се распадна. Причината? Гвардиола го продолжи договорот со Сити во целосна тајност, без да ја информира сопругата, која веќе се вратила во Шпанија за да го води својот моден бизнис. Кристина не му простила за тој потег. Таа му поставила ултиматум и набрзо следел развод, кој медиумите го анализирале со месеци до најмалите детали.

ПретходноЧеститки од сите страни, Алкалоид до ГРК Охрид: Добредојдовте во друштвото на освојувачите!
СледноЕХФ со нова порака: Добро утро од новите шампиони, ГРК Охрид не е сон!