Македонскиот ракометен кадетски репрезентативец, Марко Ѓорчески потпиша нов договор со тимот на РК Вардар. Со тоа клубот решава едно од отвофените прашања што се донесува до младите и перспективни ракометари.
Ѓорчески настапува на левата бековска позиција и ги покрива централните позиции во одбраната. Тој е дел од кадетската репрезентација на Македонија и беше еден од најдобрите играчи во генерацијата која го освои училишното првенство кое неодамна се одржа токму во нашата држава.
“За мене е особена чест и задоволство што станав дел од РК Вардар. Ова е сон на секој млад ракометар. Вардар е голем клуб со богата традиција и високи амбиции. Ќе дадам се од себе за да ја оправдам довербата на клубот, тренерите и навивачите. Со нетрпение го очекувам стартот на новата сезона, за мој максимален придонес за успесите на тимот”– изјави Ѓорчески.










