Последна информација: Фудбалерите во Скопје со нов авион пристигнуваат во 20:00 часот

322

Експедицијата на фудбалската репрезентација на Македонија која што се обидува да се врати денеска од гостувањето кај Турција од Истанбул, во Скопје би требало да пристигне околу 20:00 вечерва.

Тоа е последната информација од Истанбул, каде што нашиот национален тим денеска заглави поради неисправност на чартер авионот попладнево.

Експедицијата веќе еднаш полета од Истанбул, но поради технички проблеми со леталото, истото се врати повторно на аеродромот од каде што полета.

Сега, со нов авион репрезентацијата на Македонија вечерва околу 20:00 часот ќе се врати конечно дома.

ПретходноИнцидент во 2018 година му става забрана на Емболо да влезе во САД!?
СледноКени Далглиш по грешка објави дека е тешко болен